|
26.02.2008 |
Дефинитивно јужнокорејската марка позната по своите
специфични теренци е во подем. Планот на SsangYong е на салонот во Женева да го претстави својот прв хибрид со дизел.
Сеуште нема прецизни информации за моделот кој
ќе го носи хибридниот погон од електромотор спарен со дизел, ниту пак може да
се најде фотографија (горе прикажаната е само за илустрација). Очигледно е дека
целава работа се држи во најголема тајност.
Единствено што се знае е дека возилото ќе има пониска
потрошувачка за 30 проценти во однос на својот брат близнак кој вози само на
дизел и дека ќе има значително намалена емисија на СО2.
SsangYong очигледно сака да се етаблира на светскиот пазар на
автомобили како еден сериозен ирач со квалитетна и разноврсна понуда на
сериозни теренци.
|