|
Во САД расте епидемијата на автомобили што се повикуваат во сервис заради отстранување на некаков фабрички дефект кој е потенцијална опасност за сопственикот, патниците и сообраќајот.

Епидемијата сега го зафати Subaru кој во сервис ги повикува соствениците на големиот SUV, Tribeca од моделската година 2010, а произведен меѓу 4 септември 2009 и 8 март 2010.
Се работи за механизмот за затворање и заклучување на предните врати кој во одредени случаи може сам да ги отклучи и отвори вратите. Проблемот го предизвикува погрешно поставен кабел.
Проблемот го согледала Националната администрација за безбедност во сообраќајот на САД, NHTSA – National Haighway Traffic Safety Administration и веќе испратила соопштение до 1.585 соственици на Subaru Tribeca во САД.
Според NHTSA неправилно поставениот кабел во двете предни врати може да биде зафанат од механизмот за отворање/затворање на стаклата.
Од NHTSA појаснуваат дека ова е потенцијална опасност за возачот и за совозачот бидејќи дури и да не се отворат вратите при возење можно е оваа пречка да му го одвлече вниманието на возачот и тој да предизвика сообраќајна несреќа.
По наводите на NHTSA во сервисите на Subaru ќе ја проверат целата ситуација и најверојатно ќе го преместат спорниот кабел во предните врати кој води струја до централното заклучување и електриката на стакла.
Индикативно е што епидемијата на повикување на возила во сервис која ги зафати Соединетите Американски Држави се однесува само на возилата од јапонските производители, претходно и на германските, додека се чини дека американските компании произведуваат совршени, или, безгрешни автомобили. Браво за нив.
|