|
15.02.2010 |
|
Производителот во Волфсбург повикува во сервис заради проблеми со задната оска. Станува збор за моделите на Volkswagen, Novo Gol и Voyage произведени во Бразил пред месец јули 2009.

Инженерите задолжени за сервисни интервенции во компанијата откриле дека серија од вкупно 193.620 возила има недостаток од подмачкување кај задните тркала.
„Недоволното подмачкување предизвикува бучава при тркалање, а доколку проблемот не се отстрани навреме може да доведе до блокирање на тркалата при движење и во краен случај откачување на тркалото,” велат инженерите од бразилската филијала на Volkswagen.
Моделот Novo Gol, хечбек со три и со пет врати и неговата седан верзија Voyager се возила на Volkswagen скроени за пазарите во Јужна Америка уште во 1980 и од тогаш се најпродаваните модели во Бразил и во Аргентина.
|