|
03.10.2011 |
|
На светската премиера Volkswagen го претстави Up! како модел со три врати и премолчи дека ќе има верзија со пет врати. Молкот траеше се до преставувањето на Skoda Citigo која најави пет врати.

Сега во официјално соопштение на VW се вели дека Up! кој воедно е основа за Citigo ќе има верзија со пет врати, а како предвесник на ова верзија од Волфсбург го наведуваат концептот Corss Up! претставен на фотосот.
Верзијата на Up! со пет врати ќе се разликува од Corss Up! по каросеријата која ќе биде пониска за 15 mm, односно ќе биде на ниво на верзијата со три врати и ќе ги нема дизајнерските елементи кои асоцираат на модерен кросовер.
Сериското производство на верзијата со пет врати почнува кон крајот на годината, а првите примероци ќе пристигнат до продажните салони на пролет следната година.
|