|
27.08.2008 |
Seat Ibiza Ecomotive доби
најмногу гласови и застана на првото место на топ листата на Verкеhrs
Club од Германија во категоријата на „Добротворни еколошки возила”.
Ibiza Ecomotive заедно со VW Polo BlueMotion остваруваат
најмала емисија на СО2 на километар со што и заслужија да бидат прогласени за
најеколошки возила.
Водечката позиција на Ibiza Ecomotive во
Германија во класата на најеколошки возила јасно ја истакнува посветеноста на Seat за заштита
на животната средина не само со производство на возила со ниска емисија на СО2
туку и со гаранција дека производството, развојот и рециклирањето на возилата
има минимално негативно влијание врз околината.
Ibiza Ecomotive со емисија на СО2 од 99 g/km е автомобил
со најмала емисија на јаглерод диоксид во сегментот поради што во Шпанија купувачите
се ослободени од плаќање данок.
Во моментов Seat нуди три Ecomotive
верзии на своите возила. Групата ја сочинуваат Ibiza, Leon со емисија
на CO2 од 119 g/km и Altea со емисија на CO2 од 159
g/km.
Поради големата популарност на Ibiza Ecomotive, Seat забрзано
ја подготвува Ecomotive верзијата на новата генерација на Ibiza.
|