Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Идеја за ликот на BMW M4
30.12.2011

Автомобилот прикажан на компјутерски генерираната фотографија е новото купе кое ќе произлезе од М одделот на BMW и според новата номенклатура што ќе ја спроведат баварците ќе ја носи ознаката М4.

bmw-nova-generacija-m3-m4-1-2011-1

Дизајнерите на лутата верзија на новото купе поставено на основата на новата генерација на серијата 3 на BMW веруваат дека автомобилот ќе ги носи смерниците, но ќе биде многу поубав од ова што тие го прикажуваат.

Иако не би се откажале ниту од вака нацртан автомобил сепак, со нетрпение ја очекуваме 2014 година кога BMW ќе го претстави новиот М3/М4. Седанот ќе ја носи ознаката М3, а купето М4.

За да го скројат своето дело дизајнерите како основа ја зеле новата Серија 3 чии предни светла се дополнети со јасно видливи светлечки диоди, нацртан е агресивен преден браник со интегриран спојлер и ретровизори како капка во две точки на врзување.

Предните крила зад тркалото ја носат препознатливата шкрга на BMW М, а крилата и арките над тркалата се роширени за да ги здомат поголемите тркала и гуми и пошироката трага на оските и напред и назад.

Кровот повторно ќе биде од карбон-фибер за дополнително да се спушти тежиштетот за подобри динамички карактеристики. Под хаубата на новиот M3/M4 повеќе нема да работи атмосферскиот V8 како во актуелниот Е90/Е92 М3.

Тој ќе го отстапи местото на реден шест цилиндарец во чии цилиндри големо количество на воздух ќе поумпаат три турбини, технологија која BMW неодамна ја патентираше.

Колкава ќе биде моќноста може само да се претпостави. Се зборува за преку 450 КС. Интересно шефот за развој на М GmbH, Алберт Бирман наведува дека новиот М3/М4 нема да користи распределувач на вртежениот момент меѓу тркалата на задната погонска оска.

Според него во новиот М3/М4 како и во неговиот поголем брат М5 стабилноста ќе ја гарантира новоразвиениот електронски управуван диференцијал којшто ќе ја зголеми стабилноста и ќе ги намали загубите при преност на вртежен момент обезбедувајќи подобра тракција.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook