|
На салонот во Лос Анѓелес Volkswagen ја претстави напумпаната верзија на Beetle која ја носи ознаката R на крајот од името и има неизвесна иднина која ќе зависи од реакцијата на публиката.

Напумпаната Beetle R под хауба пакува 270 КС извлечени од 2.0 литарскиот турбо на марката кого го пакува и Golf R. Моделот за сега е концепт, а планот е да биде пласиран на пазарот во САД доколку го сакаат тамошните купувачи.
Beetle R Concept како што гласи полното име е создадена во спортскиот оддел на VW, R GmbH каде дизајнерите и техничарите се погрижиле спортскиот дух да излегува од секоја пора на автомобилот.
Автомобилот е поставен на леснометални бандажи од 20 инчи кои влегуваат под проширените крила за 15 mm секое правејќи го поагресивен, а одзади штрчат два пара издувни цевки.
Како дополнителен украс делуваат и големите отвори во браниците кои покрај естетската имаат и функционална намена за довод ладен и одвод на врел воздух. Посебен украс се и сино обоените сопирачки клешти.
Доколку Beetle R влезе во серија тогаш тоа ќе биде втората моќна изведба на Beelte наменета за американците бидејќи тие сигурно ќе добијат и верзија со V6 бензинец која не е наменета за пазарот во Европа.
|