Get Adobe Flash player
Иднината на Hummer е неизвесна
10.06.2008
hummer-h2-1.jpgПо купувањето на Jaguar и на Land Rover, индиската Tata му фрли око на Hummer. Во Tata најавија дека целта им е создавање на флота на SUV модели кои ќе гo продаваат пред се во САД.

И нормално Hummer се вклопува во сликата бидејќи и се обраќа на сосема поинаква публика од британскиот Land Rover. Интересот на Tata за Hummer доаѓа по најавата на General Motors за спроведување на стартешко испитување за позицијата на Hummer, но и разгледување за негова продажба делумна или целосна.

По оваа најава банкарите кои го застапуваат General Motors оствариле контакти со Tata Motors, но и со нејзиниот главен ривал на индискиот пазар Mahindra&Mahindra околу продажбата на Hummer.

Главната причина за продажба на Hummer е катастрофалниот пад во продажбата. Во мај месец таа е пониска за 60,2% во однос на истиот месец лани, а според направените истражувања се очекува понатамошен пад во продажбата. Затоа GM сака да го продаде, а освен индиските конгломерати никој друг не е заинтересиран за марката.

Интересно е што Mahindra&Mahindra до година планира претставување на нов компактен пикап на пазарот во САД и сакаше да го купи Land Rover за да обезбеди солидна основа за својот нов тренспортер. Но, откако Ford ја врза продажбата на Land Rover со Jaguar тие се откажаа.

Соло пордажбата на Hummer ги охрабри и поради тоа треба да се очекува жестока борба меѓу Tata Motors и Mahindra&Mahindra за купување на проблематичната американска марка.

 

 

 

Facebook