|
Renault го откри своите планови за иднината на Lada каде стои развој на комплетно нов модерен хечбек на нова платформа со дизајн што ќе потсетува на концептот на Lada, Concept C.

Според одговорните во AvtoVaz, новиот модел ќе биде движечката сила која треба да ги ревитализира позициите на Lada пред се на домашниот пазар, но и на останатите традиционални пазари на рускиот производител.
Тоа нема да се случи наскоро. Барем така велат во Renault кој откако купи 25% од AvtoVaz почна да ги менува плановите за развој на рускиот гигант. Според одговорните ви Renault прво што треба да се направи е значително подигнување на квалитетот во производството.
Како опитно глувче во овој процес доволно е производството на Lada Kalina модел кој треба да го понесе квалитативниот скок на Lada и да го подобри мнението на јавноста за квалитетот на руските автомобили.
„Ние нема да измислуваме топла вода. Едноставно ќе го примениме начинот на работа којшто го примени Volkswagen кога ја превзема Skoda,” велат од Renault.
„Прво сакаме да го постигнеме саканиот квалитет со Kalina. Секако на ов му претсоти долг и макотрпен процес бидејќи одговорните на сите нивоа во AvtoVaz и работниците не се навикнати на ваков начин на работа, но гледаме дека руската работна сила е добро образувана и ќе успее за 3 до 4 години да го научи она кое на Запад го учеа 40 години.”
„Ние подготвуваме нов модел во компактната класа кој ќе се произведува на некоја од платформите на Renault-Nissan, но не пред да се заврши реформата во компанијата со Kalina,” заклучуваат од Renault и нагласуваат дека тоа ќе се случи некаде во 2013 и 2014.
Без оглед што Renault се наоѓа по силен притисок на руските власти за поголеми инвестиции во AvtoVaz, во комапнијата не сакаат да одат против себе ставајќи го квалитетот пред се.
|