Откако го најави тркачот од шестата генерација на Golf на салонот во Париз, како еден вид концепт кај кого многу малку беше сокриено, Volkswagen сега ја лансира сериската верзија на Golf VI GTI.
Најновото издание не Golf GTI е
подготвено да се сретне со своите верни купувачи, но и да стекне нови поклоници.
И како што прикажуваат фотографиите сериската верзија е безмалку идентичен
близнак со концептот од Париз.
Од Golf GTI, исто како и од обичната верзија на Golf
VI, во најмала рака се очкеува да го достигне, ако не и да го престигне
својот претходник кој се порoдаде во серија од 1.7 милиони примероци. И
ако се суди според содржината достигнувањето на овие бројки не би требало да
прeтставува проблем.
Еволутивниот напредок во однос на претходната генерација
на Golf GTI е јасна. Сепак, тој еден, но значаен чекор, на
сопствениците треба да им донесе многу задоволство зад волан.
Инженерите во VW не сакале да одат
на енормно зголемување на снагата. Нивната цел била да се направи автомобил кој
ќе биде поуправлив, попрогресивен и полесен за возење.
Затоа моќноста од 210 КС добиени од 2.0 литарскиот турбо
бензинец е поголема за само 10 КС. Но, подобрен е дијапазонот на испорачување и
на моќноста 210 КС од 5.300 до 6.200 врт/мин и на максималниот вртежен момент
280 Nm од 1.700 до 5.200 врт/мин.
Сето ова е доволно за спринт до 100 km/h за 6,9
секунди и максимална брзина од 240 km/h ограничена од
моќноста на моторот и отпорот на воздухот со коефициент од Cd
0.324.
Подеднакво импресивно е и меѓу забрзувањето. Благодарение
на флексибилноста на моторот, GTI од 80 до 120 km/h забрзува за 7,5
секунди во петти степен на пренос.
Во највисокиот, шести степен на пренос, Golf
GTI поеднакво одушевува. Потребни му се 9,5 секунди, а од место 1.000 m минува за
27,3 секунди. Максималната брзина се постигнува при брзина на вртење на
коленастото вратило од 5.900 врт/мин.
Флексибилниот мотор помага и за остварување на просечна
потрошувачка од 7,4 L/100 km. Само за потсетување, претходникот во просек трошеше 8,0 L/100
km.
Снагата до предните тркала се пренесува преку шест степен
мануелен или DSG менувач и електронскa контрола на пролизгување кај
предните тркала XDS чија улога е слична како улогата на една виско спојка.
Затоа во VW, XDS уште го нарекуваат и електронски трансверзален самоблокирачки
диференцијал.
Виско спојката работи на принцип на хидродинамичики
пренесувач на вртежниот момент - кога едно од погонските тркала ќе пролизга и
се сврти побрзо маслото во спојката преку ламелите го пренесува вишокот вртежен
момент врз полусоката на тркалото со подобра тракција со што се неутрализира
подуправувањето.
Идејата на XDS е слична, но за
разлика од виско спојката тој користи електроника и сопирачка. Врзан е со системот за
електронска стабилност ESP. Кога сензорите на ESP ќе
препознаат пролизгување на едно од погонските во свијок, ESP ја
активира сопирачката клешта и го успорува залетаното тркалото со што се
подобрува тракцијата во свијок и повторно, се неутрализира подуправувањето.
Со активирање на XDS, функцијата
на ESP се менува и тој не делува на сите четири тркала туку
само на погонските. Секако доколку системот насети дека автомобилот ја губи
контролата тогаш се активира класичната функција на ESP за враќање
на автомобилот на безбедна траекторија.
Голема улога во поддесување на специфичните параметри на
системот XDS одиграл тест возачот на VW
легендарниот тркачки ас Ханс-Јоаким Штук. Тој истакнува дека Golf
GTI со XDS се однесува како автомобил со погон на четири тркала.
Понатаму возните карактеристики на Golf
GTI профитираат и од DCC Dynamic Chassis Control или динамичка
контрола на подвозјето која во реално време реагира на квалитетот на патот и
возачката ситуација и ги прилагодува карактеристиките на придушување на ударот
кај амортизерите. DCC нуди три модуси на работа Normal, Sport и Comfort.
Golf GTI лежи значително пониско отколку неговите обични браќа.
Предниот крај е спуштен за 22 mm, а задниот 15 mm. Комплетната
архитектура на пружините, амортизерите и стабилизаторите е сменета и фино
дотерана за да ги исполни најголемите возачки предизвици.
Безбедноста ја зголемува системот ACC Adaptive
Cruise Control. Кога е вклучена адаптибилната контрола на крстосувањето
системот му овозможува на автомобилот автоматски да сопира и забрзува при
брзини од 30 до 210 km/h. И воедно има улога на темпомат.
Дополнително на соптвениците на Golf GTI ќе им стoи на
располагање и системот на VW, Park Assist. Станува збор за втора генерација на
системот кој го олеснува паркирањето наназад и паралелното паркирање. Со едно
притискање на копче автомобилот сам ги врши сложените маневри на паркинг.
Во кабината Golf GTI сериски доаѓа со спортски
седишта за возачот и совозачот поставени во комбинација на традиционалното
карирано платно и кожа, додека со доплата се добиваат целосно кожени седишта.
Логото на GTI е отпечатено на потпирачите за глава кое постојано го
потсетува сопственикот за потеклото на автомобилот. Тука се и педалите од четкан
не`рѓосувачки челик, рачка од менувачот со вметнат детал од алуминиум, кожен волан и рачна
сопирачка прошиени со шевови од црвен конец.
Golf GTI ја открива и
својата практична страна. Нуди комфорен превоз на пет патници и багажник со
капацитет од 350 до 1.305 литри. Но, автомобилите од калибар на GTI се
купуваат со срце, не со ум.
Стартот на продажбата е закажан за оваа седмица во
Германија. Набрзо треба да се очекува и на останатите европски пазари.
Цената во Германија за верзија со три врати и мануелен
менувач изнесува 26.650 евра, додека за DSG треба да
се издвојат 28.525 европски банкноти. Изведбите со пет врати чинат плус 750
евра.
|