|
Не станува збор за некаков екстремен тјунинг на инженерите од Цуфенхаузен, туку за желбата на тјунерите од 9ff спортистот на Porsche, GT3 да го претворат во еден суперспортист со 1.000 КС.

Станува збор за два тјунинг пакети наречени GTurbo кои инженерите од 9ff ги развиле за да можат да се вградуваат во Porsche GT3 и во GT3 RS, a се состојат од два нови турбо полначи и издувен систем, нов систем за ладење и два нови поголеми интеркулери.
Со сите овие измени моќноста од стандардните 435 КС кај GT3 и 450 КС кај GT3 RS може да се зголеми до максимални 1.000 КС. Ова е последниот од трите расположиви степени за подигнување на моќноста.
Првиот степен на зголемување на моќноста ги заокружува коњсњките сили на 750 и максималниот вртежен момент на 850 Nm. Вториот степен нуди 850 КС и максимален вртежен момент од 910 Nm.
Третиот степен ја нуди најголемата моќност од 1.000 КС и максимален вртежен момент од 940 Nm. Повеќе од двојно зголемување на моќноста од сериските верзии и безмалку исто толкавo зголемување на вртежниот момент кој кај GT3 и кај GT3 RS изнесува 430 Nm.
Инженерите на 9ff уверуваат дека второто ниво, односно верзијата GTurbo 850 до 100 km/h стигнува за 3,0 секунди, до 200 km/h за 8,9 секунди и до 300 km/h за 18,7 секунди.
Најмоќната верзија е малку поотровна во поглед на забрзувањето. GTutbo 1000 до 100 km/h катапултира за 2,9 секунди, до 200 km/h му се потребни 8,2 секунди, а за да ситгне до 300 km/h му се потребни 16,5 секунди.
Максималната брзина на GTurbo 1000 изнесува околу 392 km/h. Колку за споредба максималната брзина на GT3 е 312 km/h, кај GT3 RS е 310 km/h, додека спринтот до 100 km/h изнесува 4,1 односно 4,0 секунди.
Покрај модификациите на моторот 9ff нуди и аеродинамичен кит кој се состои од нов преден браник со поголеми отвори за воздух, спојлер и вкомпонирани светлечки диоди за возење дење, нови прагови, поголеми отвори за воздух во задните крила и нов заден браник.
Само аеродинамичкиот кит на 9ff чини 8.900 евра. Доколку клинетот се одлучи за белите леснометални бандажи од 19 инчи со монтирани соодветни гуми тогаш ќе мора да одвои уште 4.980 евра.
Меѓутоа цената за модификациите на моторот не е објавена бидејќи во игра се многу детали и цената се формира во зависност од желбите на клиентот. Секако на сето ова треба да се додаде и цената на серискиот GT3 или GT3 RS која изнесува околу 117.000 односно 146.000 евра.
Солено, но секое задоволство се плаќа.
|