|
Едно од најпознатите имиња во светот на мотоспортот ќе ги понуди своите услуги во модификација на рели монструмот на Subaru, Impreza WRX STI која ќе биде прикажана на салонот во Женева.

Секако ова не е прва соработка меѓу Subaru и Cosworth, но модификацијата на новата Impreza STI со која таа ќе се претвори во вистинска ракета на четири тркала е еднократен проект со единствена цел.
Да им се застане на патот на спортистите со погон на четири тркала како автомобилите како што е еден Porsche 911 Turbo, или пак, Lamborghini Murcielago, или можеби Audi R8, па и лутите фамилијарни каравани и седани RS4 и RS6.
Постои уште една варијанта за целта на проектот, а тоа е Impreza да се претвори во најдобриот и технички најсовршениот рели монструм на светот спремен хомологиран за да вози во секојдневниот сообраќај.
Без оглед на причините она што сигурно го знаеме дека сите љубители на автомобилите со нетрпение ќе го очекуваат неговото откривање на салонот во Женева.
Секако ова не е прв заеднички проект на Subaru и на Cosworth. Во заедничката приказна постојат модификувани верзии на Impreza кои достигнувале моќност и до 415 КС. Затоа сега се очекува пробивање на магичната граница од 500 КС.
Според одговорните во Subaru болидот Cosworth Impreza WRX STI ќе претставува „Нов хоризонт меѓу возилата со погон на четири тркала и моќен мотор под хауба”.
Воедно тие истакнуваат дека моделот ќе биде понуден во ограничена серија и тоа само за пазарот во Велика Британија.
|