|
Следејќи го примерот на останатите големи производители на автомобили Hyundai одлучи да создаде нов автомобил само за пазарот во Индија кој ќе биде идеолошки наследник на познатиот Atos.

Иако до сега за идеолошки наследник на Atos се сметаше дека е i10 кој исто така се продава во Индија од Hyundai велат дека тоа не е точно. И дека Eon е автомобилот којшто го наследува Atos.
Двата мали модели на Hyundai на ист пазар би започнале процес на канибализам, но производителот од Јужна Кореа уверува дека тоа нема да се случи бидејќи Eon ќе биде позициониран под i10 и ќе биде поевтин.
Дизајнот го продолжува стилот наречен „флуидна скулптура”, но, Eon, сепак не делува толку сериозно како што е случајот со i10. Платформата е иста, со исто меѓуоскино растојание од 2.380 mm.
Меѓутоа Eon е покус од i10 за 90 mm и мери 3.495 mm. Со 1.550 mm потесен е за 45 mm, а со висина од точно 1.500 mm понизок е за 40 mm. Багажникот на Eon има волумен од 218 литри спрема 225 литри на i10.
Потпирањето исто така е идентично со она на i10 со опружна нога тип McPherson напред и торзиска оска одзади. Моторот е нов со три цилиндри и зафатнина од 814 сс направен со скусување на еден цилиндер од 1.1 литарецот на i10.
Моторот испорачува моќност од 56 КС и вртежен момент од 75 Nm на предни тркала преку петстепен мануелен менувач кој е земен на заем од Atоs, но е дополнително модернизиран за во Eon.
Во Индија Hyundai за Eon ќе бара од 269.999 рупии, или малку под 4.000 евра, а планот е годишно да се продаваат по околу 150.000 примероци.
|