Get Adobe Flash player
Infinity ќе има спортско одделение
02.06.2010

Да им се конкурира на автомобилите што излегуват од спортските одделенија на германските премиум производители воопшто не едноставно ниту лесно тоа го знае Infinity и крои нов план.

infinity-g-37-convertible-2010-1

Планот на јапонскиот производител на автомобил Infinity, луксузна марка на Nissan е да се создаде спортски оддел којшто ќе произведува автомобили кои треба да им конкурираат на Audi Quattro, BMW M и Mercedes AMG.

Спортскиот оддел на Infinity ќе ја носи кратенката IPL – Infinity Performance Line ќе ја има истата улога која што ја има Nismo во Nissan. Тоа значи испорака на спортско подвозје, спојлери и спортски седишта и други додатоци.

Меѓутоа Nismo не чепка во моторите на Nissan. Од друга страна IPL сето она што го прави Nismo ќе работи и на развој на механички комперсори и турбо полначи за моторите што се вградуваат во моделите на Infinity.

На овој начин моторите во Infinity ќе нудат навистина вртоглави перформанси.

Се очекува дека на фалениот 3.7 литарски атмосферски бензинец V6 којшто работи во низа модели на Infinity од моменталните околу 300 КС во зависнот од моделот ќе остварува моќност од потенцијални 400 КС што е снага за респект.

Сето ова ќе биде доволно Infinity на пазарот во Северна Америка да им фрли ракавица в лице на германците.

 

 

 

Facebook