|
30.03.2010 |
|
Infinity ги објави првите официјални фотографии од својот најголем теренец моделот QX56 како најава за светската премиера која е закажана за месец април на салонот за автомобили во Њујорк.

За сега од Inifinity сметаат дека за светската јавност се доволни првите фотографии од QX56 колку да се подгрева љубопитноста и сеуште сокриваат голем дел од технички детали.
Она што се знае за новата генерација на QX56 е дека теренецот е поставен на платформа која е многу поголема од онаа на актуелниот модел. Поголемите димензии ќе дозволат зголемување на просторот во кабината пред се за патниците во вториот и третиот ред седишта.
Под хаубата на QX56 ќе работи V8 бензинец со зафатнина од 5.6 литри кој остварува 400 КС, а снагата до сите четири тркала се пренесува преку седум степен автоматски менувач.
Се очекува независна суспензија на сите четири тркала, моќен систем за сопирање, добри динамички карактеристики на пат и голема проодност на терен.
Најавено е дека продажбата на пазарот во САД стартува на лето.
|