Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Infinity со револуционерен хибриден погон
17.12.2007
infiniti-fx-hybrid-drive.jpgВрежаното верување дека електричните автомобили се иднината и дека во моментов актуелните хибриди се само вовед можеби и не е сосем точно. Барем така тврдат во Nissan, пардон, во Infinity.

Приказната се врти околу новиот хибриден погон што ќе се вградува во кросоверот на Infinity, FX од 2010 и вели дека „хибридот на иднината” не само што ќе биде излекуван од болките на сегашните хибриди, туку ќе претставува еден вид револуција.

Патувањето на долги релации при високи бризини претставува проблем за сегашните хибриди бидејќи нивните електрични мотори неможат доволно да му помогнат на класичниот бенсински мотор. Идејата на Infinity е да направат таков хибриден погон кој ќе може без поголем напор да му помага на бензинецот при високи брзини.

Воедно системот ќе му овозможи на FX долго да се движи низ градскиот тргни/застани сообраќај. Со тоа што на електричниот мотор ќе асистира при повеќе различни ситуации и со тоа што ќе може долго да го задвижува автомобилот само на струја големиот кросовер на Infinity, FX ќе остварува просечна потрочувачка која сега неможе да се замисли ниту кај многу помалите хибриди.

Скептиците реагираат дека сето ова сигурно сеуште е во имагинацијата на инженерите бидејќи сеуште од производителот не излегле никакви бројки, пред се за потрошувачката.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook