Откако минатата година беше најавена тркачката верзија на
Abarth 500 наречена Asseto Corse, тркачкиот оддел на Fiat, Abarth Racing продаде, односно доби нарачки за преку 900 примероци.
Покрај продадените китови Abarth
Racing попиша и 15 партнерски договори со тимови од цела Европа
кои е учествуваат во единствената тркачка серија и како шлаг на тортата
испорачани се првите примероци на Abarth 500 Assetto Corse.
Тркачкиот сет се состои од засилена структура на
каросеријата со вграден робусен роллбар кој е заварен за каросеријата, соголен
интериер по тркачки терк, една тркачка када за возачот која заради правилен
распоред на тежината и оптимизирање на возачката положба е поместа кон средина
на автомобилот и ремени во шест точки кои ги испорачува Sabelt.
Понатаму електричното серво добива нови карактеристики и
е посебно поддесена за во трка, суспензијата напред составена од опружна нога
добива специјални тркачки амортизери со антилифт и антидајв технологија и
коаксијални спирални опруги со можност за местење на висината. Истите
ревидирани елементи се користат и за суспензијата назад.
Комплетно се сменети и сопирачките. Напред работат бушени
вентилирачки дискови со пречник од 302 mm и ширина од 28 mm,
а нив ги зафаќаат четири клипни радијални клешти со пречник на клиповите од 40 mm.
Назад се користатполни дискови со пречник од 264 mm и ширина од 11 mm.
Нив ги зафаќаат двоклипни сопирачки клешти со пречник на клиповите од 36 mm. И напред и назад се користат високо перформансни
сопирачки плочки.
Abarth 500 Assetto Corse е поставен на леснометални
бандажи со димензии 7 х 17 инчи дело на OZ и обуени во гуми 205/50 ZR17, а тежината е сведена на 940 kg.
Причината за сите овие измени се сокрива под хаубата. Станува збор за
познатиот турбо бензинец на Fiat од 1.4 литри кој благодарение
на поголемиот турбо полнач со фиксна геометрија Garrett GT 1446остварува моќност од 190 КС
при 6.500 врт/мин и максимален вртежен момент од високи 300 Nm при 3.000 врт/мин.
Комплетно е сменет и издувот и поставен е тркачки од не`рѓосувачки челик
кој завршува со два издувни топа кои штрчат од под задниот дифузор интергриран
во браникот. Покрај подобрувањето на перформансите на моторот новиот издув има значајна
улога и во подигнувањето на звучната кулиса кај Abarth 500 Assetto Corse.
Снагата се пренесува на предните тркала преку мануелен
шест степен менувач. Официјалните перформанси сеуште се држат во тајност.
Сето ова го прави Abarth 500 Assetto Corseго прави тркачки автомобил кој може да ги задоволи барањата на најискусните,
но и на најмладите тркачи.
Во првата фаза ќе бидат произведени околу 80 примероци
кои ќе учествуваат на различни шампионати низ Италија и Европа: Трофеј Abarth 500, Трофеј Abarth 500 Evropa и Трофеј Abarth 500 Италија кои се дел од календарите на
престижните шампионати како Ferrari Challenge, WTCC Светскиот шампионат со
модификувани сериски автомобили и шампионатите Aci-Csai.
Огненото кршетавње е на 29 март на патеката во Монца.