|
11.04.2008 |
Alfa Romeo продолжува со стратегијата што
подлабоко да биде инволвирана во интернет заедницата. По барањето помош за
избор на името и на логото на ред е и сопствен блог.
Токму така Alfa Romeo созададе посебен
блог посветен исклучиво на Alfa Mi.To или како што го нарекуваат „најкомпактниот
спортски автомобил на сите времиња”.
Блогот е достапен на пет јазици италијански, англиски,
германски, шпански и француски и претставува еден вид оналјн дневник за
создавањето на Alfa Mi.To преку приказни и
видеа на луѓето што ја конструирале, дизајнирале, произвеле и тестирале.
За оние што сакаат да навлезат подлабоко во приказната
посетете ја страницата www.alfamitoblog.com.
|