|
Младиот дизајнер Даниел Димовски е победник на конкурсот „Mercedes-Benz – дизајн на иднината” кого во организираше застапникот за Mercedes-Benz во Македонија компанијата MakAutoStar.

Конкурсот за млад дизајнер беше организиран во чест на прославата на 125 годишнината од создавањето на првиот автомобил на светот, а целта беше изработка на студија со која ќе се означи иновативниот дух на Mercedes.
Даниел Димовски, студент во втора година на Машински факултет во Скопје – отсек индустриски дизајн, успеа да одговори на темата и да ги задоволи вкусовите на одговорните во МakAutoStar и да ги исполни очекувањата.
Димовски успеа да скори интересна визија за Mercedes на иднината. Јасно е дека вложениот труд низ текот на два месеци со многу непроипиени ноќи вредел.
„Предизвикот навистина беше голем. Да се задоволат барањата на еден производител каков што е Mercedes не е лесно, но на крај трудот се исплати,” изјави Даниел Димовски.
Неговата награда како што беше најавено на почетокот на конкурсот е патување во срцето на Mercedes-Benz. Станува збор за главната фабрика во близина на Штудгарт.
Таму Даниел ќе има можност да се запознае со целосната програма на фабриката и со луѓето кои стојат зад најстарата марка автомобили на светот.
|