Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Израелци конструираат електричен пат
17.12.2008
elektricen-pat-1.jpgГрупа на израелски научници работи на создавање на пат кој ќе биде способен да генерира електрична енергија кога преку него ќе минуваат автомобили.

Еден ваков проект на развој на современа технологија е многу близу со целта на Израел да стане првата држава на светот која масовно ќе користи електрични автомобили.

Градењето на патни станици кои ќе се користат за полнење на батериите кај електромобилите е во ред, но и покрај масовноста на соодветните станици сепак полнењето на батерии одзема многу време.

За патувањата со електромобилите да бидат поудобни и побрзи без долги застанувања за полнење на батериите група научници од Израел дошле на идеја да направат асфалтен пат кој ќе генерира електрична енергија.

Иновацијата се состои во имплантирање на пиецо електрични кристали во асфалтот кои кога преку нив ќе прејде автомобил произведуваат електрична енергија.

Според сегашните пресметки електричната енергија генерирана од еден километар пат е доволна за полнење на батериите на осум автомобили.

Израелците даваат и пример. Кога сите асфалтни патишта во Велика Британија би биле опремени со новата технологија, дневно би се произведувало електрична енергија за напојување на 34.500 електрични автомобили.

Развојот на оваа технологија е сеуште во зачетоците, но се очекува идејата да добие зелено светло од израелската влада по што ќе дојдат и инвестициите неопходни за да продолжи истражувањето и развојот на електричниот пат.

Доколку понатаму се докаже дека неговата ефиксност задоволува масовното преработување на патиштата во генератори на електрична енергија потребна за зелената мобилна иднина и не е толку далеку.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook