|
Бирото за заштита на патенти во Соединетите американски држави доби скици за патентирање на нов автомобил. Станува збор за купе на основата на Volkswagen Jetta кое ќе ја носи наставката Coupe.

Доколку скиците се разгледаат повнимателно се забележува дека прикажаниот автомобил е безмалку идентичен со концептот наречен NCC – New Compact Coupe кое беше претставено годинава на салонот во Детроит.
Секако одредени разлики има бидејќи станува збор за сериска верзија на концептот којшто според конструкцијата е хибрид со погон кој претставува комбинација од бензински и електричен мотор.
Највидливите измени се однесуваат на пордниот дел, каде купето на скиците има различна решетка која се протега меѓу предните светла и светла за магла во аглите на браникот, додека оптиката на предните светла и прилично слична.
Измените во задниот дел се однесуваат на поставувањето на издувните цевки во аглите на браникот кои се видливи за разлика од концептот каде се сокриени под браникот.
Причината зошто VW ја подготвува Jetta Coupe лежи во одлуката на пазарот во САД да не се нуди Scirocco, a едно купе на основата на популарната Jetta на тамошниот пазар би бил полн погодок.
|