Get Adobe Flash player
Ја повикувам Сара Конор
29.05.2007
mr2Еден џентлмен од Русија одлепува на Терминатор и на боја што свети во темница. Боја што на пример повеќе би прилегала на ѕидовите од една вкусно уредена спална соба.

Место да ја чува за себе русинов одлучил да ја покаже на светот, заедно со сликите од култниот филм кои го покриваат секој квадратен сантиметар од неговата Toyota MR2.

Преку ден спортскиот двосед наменет за секојдневна употреба личи како изложба на Терминатор. Но, ова е пообичниот дел од претставата.

Забавата стартува ноќе кога бојата почнува да свети и автомобилот на ликува на залутано животно како од филмот Гоустбастерс. Фантастично!

Дали некој знае како се вели „Гозба за очи” на Руски?

 

 

 

 

Facebook