|
12.06.2007 |
Ford ги продава луксузните Британски марки Jaguar
и Land Rover за 6 милијарди долари. Иако потегот сеуште не е
официјален американците и ги отркија плановите на британската влада.
Ford продолжува да го реструктуира својот глобален бизнис, а
плановите меѓу другото вклучуваат ослободување од премиум марките. Aston
Мartin веќе отиде во рацете на приватен конзорциум, а покрај Jaguar
и Land Rover во план е и продажбата на Volvo.
Jaguar и на Land Rover се ирпавени пред голем предизвик во
годините што доаѓаат. Слабата продажба на Jaguar делумно е
резултат на високите цени во САД и малата моделска понуда. Land
Rover во моментов е профитабилен, но потребна му е голема инвестиција во
задоволување на строгите закони за емисија на издувни гасови.
Ford го купи Jaguar во 1989 за 3,2 милијарди долари и Land Rover во 2000 за
3,6 милијарди долари. Неофицијално Ford веќе преговарал со BMW и со Fiat, но и
двете фирми велат дека не се заинтересирани
Најверојатно евентуалниот купувач ќе биде приватна
финансиска куќа како онаа што го купи Aston Martin. Алхемичарите кои
не успеаја да го купат MG Rover во 2000, сега се поверзуваат со двете марки.
|