Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Jaguar слави 65 години
19.05.2010

За прослава на 65 годишнината на компанијата, Јaguar ќе понуди јубилејна серија на купето XK која е наречена Diamond S. Всушност 65 години слави името Jaguar, додека компанијата почнала да работи 1922.

jaguar-kx-diamond-s-2010-1

Од основањето во 1922 компанијата која денес ја препознаваме под името Јaguar почнала да работи под името Swallow Sidecar во Велика Британија била позната под името SS.

Името SS станало немило во Втората светска војна заради асоцијацијата со фашистичките единици на Хитлер, SS. Затоа во 1945 по паѓањето на фашистичка Германија фирмата го одбира името Јaguar кое на Swallow Sidecar и ја носи светската слава и се слави ден денес.

Јубилејната серија на Jaguar XK Diamond S ќе носи препознатлива палета на бои и посебни аеродинамички додатоци. На каросеријата ќе бидат поставени беџови со ознаката S, а секој примерок ќе има и посебен сериски број и сертификат за автентичност.

Кабината на Јaguar XK Diamond S е посебно уредена, нуди високо ниво на луксуз и преслечена е со исклучително мека кожа Soft Grain. Бојата на кожата внимателно ja бирале модни дизајнери и претставува своевиден уникат.

Паралелно со купување на еден примерок од лимитираната серија на XK, Diamond S, сопственикот ја добива и услугата на Jaguar наречена Royal Service која вклучува бесплатно одржување во време траење од три години од датумот на испорака на автомобилот.

Гласноговорникот на Јaguar истакнува дека годинава е исклучителна година за компанијата која слави 65 години од постоење на автомобилите кои ги краси мала склуптура на дивата мачка поставена на хаубата.

Покрај претставувањето на лимитираната серија XK Diamond S, која претставува специјален подарок којшто во целост ја отсликува филозофијата на градба на автомобили на Jaguar компанијата планира уште неколку изненадувања за љубителите на автомобили.

Секако тие следат и не се откриваат. Исто така не се открива ниту бројот на произведени примероци од лимитираната јубилејна серија на XK Diamond S.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook