Спортската работилница John Cooper
Works на салонот во Женева ќе ја претстави својата работа врз два модели на Mini за 2008.
Станува збор за Cooper S и за Clubman, а ние ви ги претставуваме вам.
Традиционлано спортските верзии на Mini ги
доработува JCW John Cooper Works, а за годинава во
понудата се нели Cooper S и Clubman со перформанси кои ќе ги задоволат и оние
најбребирливите.
JCW го доработува познатиот 1.6 литарски турбо бензинец кој
вака остварува дури 211 коњски сили и вртежен момент од 260 Nm. Но, оваа
не е максимумот на вртежниот момент. Со помош на overboost тој на
кратко скокнува на максимални 280 Nm при нагло
забрзување.
Со оваа снага Cooper S забрзува до темпо
100 за 6,5 секунди, а на Clubman за истата акробација му требаат 0,3 секунди повеќе.
Максималната брзина и кај двете верзии изнесува 238 km/h.
Зголемената моќност доаѓа од модификации на турбината,
нов спортски филтер за воздух и нов издув со зголемен проток. И покрај измените
и зголемената моќност Cooper S и Clubman не се растрошни . Производителот наведува просечна
потрошувачка од 6,9 литри и 7.0 литри, а соодветно се движи и емисијата на СО2
од 165, односно 167 g/km.
Контролата на тракција сигурно ќе им пречи на загрозените
тркачи, ноп таа само помага за на пат, на патека DSC потполно
може да се исклучи при што автоматски се вклучува само електронската блокада на
диференцијалот, бидејќи на 211 КС само на предна оска им треба малку помош која
го подобрува управувањето и овозможува старт без пролизгување.
Моќноста до погонските тркала се пренесува преку шест
степен мануелен менувач. Издувот е тјуниран за да прозиведува соодветна звучна
кулиса, а подобрени се и сопирачките. И двете верзии лежат на 17 инчни
леснометални бандажи со потпис на JCW.
За сето ова во Cooper S ќе треба да се
одвојат 27.000 евра, а за во Clubman 29.500 евра.
|