|
Престижната италијанска каросериска работилница Zagato за да ја заскокотка светската јавност ја прикажа првата фотографија од својот концепт Alfa Romeo TZ3 Corsa создаден за 100 годишницата на Alfa.

По концептот на Bertone, Pandion и концептот на Pininfarina, Alfa Romeo 2uettottanta, Alfa Romeo TZ3 Corsa на Zagato е третиот концепт кој што е создаден за прославата на 100 годишнината на миланската марка.
Од Zagato најавуваат дека премиерно концептот ќе биде прикажан во петок на конкурсот на елеганција Villa d`Este, или Concorso d`Elegenza Villa d`Este.
Она што е најважно истакнуваат од Zagato е што Alfa Romeo TZ3 Corsa не е само уште едно обично дизајнерско видување, туку комплетен автомобил и е созададен не само за прослава на 100 години на Alfa, туку и на 90 години успешна соработка меѓу Zagato и Alfa Romeo
Zagato воедно ги слави и луѓето и автомобилите од својата долга тркачка историја во која се запишани успесите на Scuderia Ferrari во `20. и `30. години, Alfa Corse од `40. и `50. години, Autodelta од `60. и `70. години и последните успеси на Scuderia Zagato од `80. и `90. години.
TZ3 Corsa e чистокрвен спортски автомобил кој користи низа компоненти од суперспортистот на Alfa, 8C Competizione како што се елементите од потпирањето, моќниот V8 и трансаксл трансмисијата.
Шасијата е изработена од карбон-фибер, а патничкиот кафез е дополнително заштитен со просторна цевкаста рамка, а каросеријата е комплетно изработена од алуминиум со што е постигната многу ниска тежина.
Alfa Romeo TZ3 Corsa ќе биде произведена во еден единствен примерок кој што е нарачан од анонимен германски колекционер и поранешен тркач.
|