Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Јубилејни 10 години за Gumball 3000
11.08.2008
gumball-logo-1.jpgРелито Gumball 3000 ја слави својата десетгодишнина. Годинава стартот на интерконтиненталната мешаница од суперавтомобили беше во Сан Франциско во петок на 8 август.

Рутата понатаму оди на Jуг кон Лос Ангелес и Сан Диего, а потоа натпреварувачите вртат кон Исток во пустинската Сојузна американска држава Невада и пристигнуваат во Лас Вегас.

Од таму автомобилите се товараат на транспортни авиони и заминуваат за Северна Кореа. Современата епика како што се нарекува релито Gumball 3000 понатаму од главниот град на Северна Кореа, Пјонгјанг продолжуваат за Кина и преку Шангај пристигнуваат во Пекинг.

Натпреварувачите според груба пресметка би поминале 4.800 km. За сето ова ќе им бидат потребни околу 8 дена. На релито се пријавени вкупно 120 автомобили.

Gumball 3000 во Македонија го паметиме по трагичниот настан кој се случи минатата година кога во сообраќајна несреќа што се случи меѓу Porsche 911 и Volkswagen Golf загинаа двајца сопружници.

Секако директорот на релито Максимилијан Купер веднаш го прекрати настанот, но без оглед на неговата реакција трагичниот настан стави црна дамка врз релито.

И покрај се интересот за релито помеѓу богатите и славните не се намалува. Напротив. Годинава има уште повеќе пријавени со тенденција борјката и во иднина да се зголемува.

Годинава еден од познатите што ќе учествуваат на Gumball 3000 е ѕвездата од серискиот филм Baywatch – Спасувачи на плажата, Дејвид Хаселхоф, потоа Тревис Баркер тапанарот на групата Blink 182 и Роб Дајрек професионален скејтбордер и ѕвезда од емисијата на „MTV, Rob & Big”.

Организаторот се надева дека годинава релито ќе мине во најдобар ред и дека немили настани нема повеќе да се случуваат за време траење на Gumball 3000.

Повеќе за минатогодишните немили настани кај нас и за Gumball 3000: Илегалното рели запрено на патот до Тирана; Нови поени за Gumball, две жртви; Gumball 3000 прекинат по трагичниот настан на Ќафасан; Што е Gumball 3000?; Најавено релито Gumball 3000 за 2008.
 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook