Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Кабрио со четири врати од Cadillac
19.08.2011

Фестивалот на елеганција којшто се одржува во Палм Бич во Калифорнија е место на избор на Cadillac за претставување на најновиот концепт на марката именуван како Ciel, или на француски Небо.

cadillac-ciel-1-2011-1

Името не е избрано случајно. Станува збор за кабриолет со четири врати и четири места за седење кој во суштина е луксузна лимузина без кров. Оваа отворена лимузина во Cadillac ја опишуваат како иделано превозно средство за лете.

Посебно за западниот брег каде може да се крстосува покрај Тихиот Океан и да се обиколуваат монденските места и огромните овошни плантажи низ Калифорнија, но и познати винарски визби со нивните огормни лозови насади.

Воедно преку Ciel, Cadillac ги наглaсува своите амбиции да создава невообичаени и во исто време уникатни луксузни возила. За разлика од останатите модели и концепти на марката Ciel се одликува и со значително помеки линии.

Сепак, во него се препознава типичен Cadillac уште на прв поглед. Посебно заради должината од 5.174 mm, ширината од 1.968 mm и меѓуоскиното растојание од 3.175 mm кое е за 300 mm подолго од она на седанот CTS.

cadillac-ciel-2-2011-1

Тркалата мерат во дијаметар 22 инчи и зад нив се сокриваат вентилирани карбон-керамички сопирачки дискови. Погонот e хибриден со електромотор и литиум-јонски батерии способни да го туркаат кога крстосува при ниски брзини.

Главната моќност доаѓа од 3.6 литарски V6 битурбо кој ослободува 425 КС и максимален вртежен момент од 583 Nm. Во Cadillac сметаат дека перформансите за еден ваков концепт се неважни и затоа не ги објавуваат.

Сериското производство е исклучено, но од Cadillac не негираат дека одредени примероци би се појавиле меѓу богатите клиенти од Калифорнија и би биле изработени специјално по нарачка.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook