|
Најмоќниот и најзелениот модел на Bentley, Continental Supersports добива своја отворена верзија која освен платнениот склоплив кров ги наследува сите карактеристики на моќникот.

Ловците на автомобили успеале да направат неколку шпијунски фотографии токму кога инженерите се подготвуваат да тргнат во нови напорни тестирања на спортскиот - луксузен кабриолет.
Кабриолетот на Continental Supersports го носи истиот 6.0 литарски W12 со два турбо полначи кој благодарение на етанолот Е85 како гориво остварува моќни 621 КС и максимален вртежен момент од камионски 800 Nm.
Освен подвижниот платнен кров нема големи разлики меѓу купето и кабриолетот. И отворениот Continental Supersports добива нов централен диференцијал, нов менувач Quickshift, нови амортизери и подебели стабилизатори.
Единствено не се знае колку кабриолетот на Bentley ќе биде потежок од купето заради дополнителните засилувања на шасијата. Да се потсетиме покриениот Continental Supersports е полесен за 110 kg од моделот GT Speed на чија основа е направен.
Не се знае ниту кога кабриото ќе се појави на пазарот, ниту пак има индиции за неговата цена. А што се однесува до перформансите тие би требало да бидат една мисла послаби од оние на купето Continental Supersports.
|