|
Porsche очигледно планира да понуди и отворена верзија на спортската лимузина Panamera, иако одговорните лица од Цуфенхаузен по протекот на информацијата наведоа дека се откажуваат од проектот.

Но, се чини дека тоа не е баш така. Без оглед што со нивната изјава сакаат да го свртат вниманието на светската јавност и љубителите на автомобили настрана од проектот, сепак, станува јасно дека проектот Panamera Cabrio е извесен.
Потврда за информацијата доаѓа од Заводот за патенти во САД каде Porsche претставил технички информации и компјутерски цртежи за тоа како ќе личи каросеријата на Panamera кабриолет.
Отсуството на кровот, В носачот и четирите врати бараат опсежни истражувања во поглед на кострукцијата со цел поставување соодветни засилувања во подот на автомобилот за постигнување на потребната цврстина која гарантира безбедност пред се, но и добри возни карактеристики.
Да се направи кабриолет со четири врати е доста ризична операција затоа и многу од производителите се откажуваат од вакви експерименти и одат на сигурно. Меѓутоа Porsche не е било кој производител на автомобили.
Напредокот во областа на развој на конструкциите, технологијата на применетите материјали и користењето на лесниот, скап и екстремно цврст карбон-фибер условуваат поместување на границите.
Доколку на Porsche им успее да направат кабриолет од Panamera и да стигнат до сериско производство на еден таков отворен модел тоа ќе биде значителна пазарна предност во однос на останатите луксузни и спортски марки.
Задржувајќи ја конструкцијата на автомобил со четири врати отворената Panamera ќе нуди подеднакво простор во кабината и напред и назад како и нејзината затворена верзија.
Меѓутоа дел од багажникот ќе настрада заради сместување на најверојатно платнениот кров бидејќи метален склоплив кров би бил премногу конструкторски сложен да се изведе заради неговата должина и секако многу скап.
Предното стакло на Panamera Cabrio е повисоко во однос на затворената заради намалување на турбуленциите на предните и задните седишта, додека А носачите имаат и дополнително засилување со уште еден вертикален носач.
Сето ова е потребно заради заштите на патниците при евентуално превртување бидејќи рамката околу преното стакло ја превзема улогата на ролбар.
И тука секнуваат информациите за Рanamera Cabrio. Не ни останува ништо освен да чекаме до следната протечена информација, или пак, евентуалното јавно откривање на проектот од Porsche.
|