|
Разочаран од неспособноста на одговорните во Lancia со години наназад да создадат соодветен дизајнерски стил за знаменосците на марката Дејвид Кардосо дал свое видување на зададената тема.

Белгискиот дизајнер посебно го погодило последното украсување на Chrysler 300 со беџот на Lancia и негово преименување во Thema. Според него ова можеби би одело со некоја друга марка, но за легендарната Lancia претствува грев.
Марката која зад себе има десет титули во светскиот шампионат во рели, модели како што се Stratos, Delta, Flavia, Fulvia, Thema, Thesis..., не заслужува вакво нешто смета Кардосо.
Затоа тој го претставува своето видување за знаменосецот на Lancia кого го нарекува Imperialе и за кого вели дека е достоен наследник на Thesis. Со името Кардосо иронично се обраќа кон Chrysler кој долги години го користеше името Imperial за својот луксузен модел.
Дизајнот на Lancia Imperiale е инспириран од моделот Lancia Gamma Berlina која се пojави во 1976 година и беше првиот модерен знаменосец на марката кој се произведуваше и како купе од 1977 година.
Карактеристично за неа е ликот на хечбек, но всушност станува збор за седан и моторот Боксер со четири цилиндри и зафатнина од 2.5 литри со 140 КС. Помалиот мотор од 2.0 литри со 115 КС беше наменет само за во Италија.
Дизајнирана од Pininfarina, Gamma се произведуваше до 1984 година.
Lancia Imperiale
Lancia Gamma
|