Get Adobe Flash player
Каков мангуп e Fiat 500
06.11.2009
fiat-500-legasy-inn-2009-1.jpgFiat 500 со 725 КС. Хмм... Тешко. Тоа може само на сон. Но, експертите од американската тјунерска куќа Legasy Innovations не мислат така и ја претставија Жолтата стрела на тјунинг шоуто SEMA.

Дефинитивно модификуваниот Fiat 500 од 1959 обоен жолто е еден од најубавите експонати со кои би можело да се пофали едно тјунинг шоу како SEMA, уште повеќе ако се знае дека под малата каросерија пакува 725 КС.

Ова не е прв обид на Legacy Innovations да се изборат за место под сонцето на драгстер со Fiat 500. Првата верзија сепак била премногу слаба да се носи со американската сцена на трки на четвртина милја.

Затоа Legacy Innovations одлучи да ги подобри своите позиции и создаде вистински мускулест натрапник кој многу потсетува на Muscle – мускулестиот пријател на глувчето Џери од цртаниот филм Том и Џери.

Второто издание на овој Fiat 500 е вистински борец на пистата. Тјунерите во него интегрирале елементи кои се наоѓаат кај најдобрите драгстер автомобили и создале вистински драгстер со мини пропорции.

Шасијата всушност е просторна цевна рамка со интегриран заштитен кафез на која се закачени моторот, менувачот, дифернецијалот, елементите од суспензијата, управувачкиот механизам, воланот, седиштата и против пожарниот систем.

Сопирачките се огромни и одговараат за автомобил кој дефинитивно силно се залетува благодарение на своите 725 КС добиени од масивниот V8.

Сепак, освен техничките податоци ништо не се знае за перформансите на овој лут Fiat 500. Времето потребно да се совлада четвртина милја во Legacy Innovations сеуште не го откриваат.

 

 

 

 

Facebook