Get Adobe Flash player
Каков пар!
14.06.2007
pgo-speedsterМоже да ви биде простено доколку помислите дека PGO Speedster II и неговиот брат Cevennes се уште еден пар реплики на легендарниот Porsche Speedster, но не е така.

Дизајнот можеби на големо прилега на германскиот класик, но овие кабриолети се конструирани и се произведуваат во Франција со средишно поставен мотор на Peugeot.

2.0 литарскиот бензинец кој произведува 138 КС го бутка 930 килограми тешкиот PGO до стотка за 6,8 секунди и до максимални 215 km/h.

Пристојните перформанси се поткрепени со уште подобро лежење на пат благодарение на просторната цевна рамка – во PGO намерно ja заборавиле старата шасија на Буба.

Speedster II има по класичен лик додека Cevennes се смета за обновена верзија на обликот на Speedster.

И двата автомобили доаѓаат со 17 инчни бандажи, интериер преслечен во најфина кожа и сензори за паркирање како стандард.

Цената се движи околу 40.000 евра.

pgo-cevennes

 

 

 

Facebook