|
„Peugeot 508 ме плени со кралски луксуз, комфор и моќ! Ова возило има мускулеста, а воедно и елегантна линија која ме остави без здив уште при првиот поглед,” вели опчинета Калиопи.

Првата соработка меѓу Калиопи и Euroimpex, генерален увозник на Peugeot за Македонија, датира од 2002 година со видео записот за хитот „Дали ме сакаш“, каде Калиопи возeше Peugeot 206 СС.
Убавите спомени од таа соработка продолжуваат, а секако продолжува и соработката меѓу Калиопи и Euroimpex. Имено во 2008 година Калиопи беше прогласена за заштитно лице на Euroimpex.
Почетокот на оваа соработка беше крунисан со Peugeot 4007 кој до денес ја пратеше Калиопи во чекор помагајќи и со леснотија да ги остварарува своите секојдневни ангажмани.
Нормално три година подоцна дојде ред нашиот претставник на 57-то издание на „Песна за Евровизија” да го обнови својот возен парк. Изборот паѓа на најново чедо на Peugeot, моделот 508.
Францускиот лав 508 доаѓа во изведбата со ниво на опременост Active и под хаубата пакува моќен турбо бензинец од 1.6 литри и 156 коњски сили кои ќе ја возат Калиопи удобно, безбедно и брзо до посакуваните дестинации.
|