Get Adobe Flash player
Канадската полиција уништува улични тркачи
22.06.2007
ulicni-trkaciПолицијата во најнаселената покраина во Канада, Онтарио има право да го заплени и уништи секој автомобил кој е модификуван за улични трки. Одобрението е дадено од јавниот обвинител.

„Доколку востановиме дека некој има делови и го пумпа автомобилот – чија очигледна намена е за улични трки – тогаш можеме да ги заплениме тие автомобили,” изјавува јавниот обвинител Мајкл Брајант.

Ќе го заплениме вашиот автомобил и делови ќе ги уништиме на преса.”

„Нема да чекаме ваков автомобил да стапне на улица,” додавајќи дека автомобилите модификувани за улични трки се опасни колку и експлозив, способни да предизвикаат катастрофална штета.

Брајан е архитект на неодамнешната забрана за Пит Бул која е воведена како заштита од напаст на опасни пси кои се окарактеризирани како наполнето оружје спремно да пука.

Спроведувањето на ваков остар закон во либералната Канада значи дека на полицијата и е преку глава од опасно возење.

Тиквата пукна пред неколку дена кога загина невин возач на камион на кој му бил пресечен патот од тројца тркачи на автопат.

Возачот Дејвид Виргоу го усмерил камионот кон ендек покрај пат бидејќи сметал дека е побезбедно отколку да ја мине оградата и да се судри со возилата од спротива.

ulicni-trkaci-nesreka

 

 

 

Facebook