Get Adobe Flash player

Karma S концепт на кабриолет од Fisker
13.01.2009
fisker-karma-s-1.jpgFisker на салонот во Детроит го претстави својот нов концепт на кабриолет нарачен Karma S кој ја следи препознатливата линија на луксузната хибридна лимузина Karma.

Од Fisker истакнуваат дека Karma S – Sunset или зајдисонце - е поставен на скусена платформа на седанот Karma што претставува логичен распоред на работите, бидејќи на купувачите сега им се нуди спортски луксузен хибрид кој може да се вози со ветар во косa.

Karma S како и Karma го задвижуваат два електрични мотори со вкупна моќност од 403 коњски сили заслужни за извонредниот спринт до 100 km/h за околу 5 секунди.

Покрај спортското забрзување Karma S која го користи иновативниот погон на Fisker наречен Q-Drive, првпат претставен во Karma, е способен да вози исклучиво во електричен модус цели 80 km.

Потоа во овој plug-in хибрид се вклучува клaсичниот мотор чија единствена улога е таа на генератор, односно создавање на електрична енергија со која се полнат батериите потребни за задвижување на електричните мотори.

Исто како и кај Chevrolet Volt, Karma и Karma S ги задвижуваат електрични мотори, додека класичниот мотор со внатрешно согорување служи само за да генерира електрична енергија.

Токму затоа Karma S може да се пофали со просечна потрошувачка од 2,35 L/100 km, а поради радиусот на движење од 80 km само во електричен модус на работа, способна е во урбани средини да емитува нулта емисија на СО2.

Сепак, не е се розово. Поради принципот на работа и потребата да се задржи што поглема автономија, дури и кога класичниот мотор ги напојува батериите, максималната брзина кај Karma S и покрај моќните 403 коњски сили е ограничена на 200 km/h.

Ексклузивната технологија што се сокрива под ламарината на Karma S совршено одговара со нејзиниот стил. Karma S користи метален склоплив кров кој кога е отворен влегува во простор под багажникот.

Сепак без оглед дали кровот е отворен или затворен, за разлика од некои други кабриолети со цврст кров, Karma S има флуидна силуета. Тело како извајано од некој од најголемите италијански скулптори кое плени.

Проверената технологија значи дека Karma S е на пат од концепт да стане сериски автомобил. Кога Karma S ќе им биде понудена на купувачите сеуште е не се знае.

Но, ако се знае дека првите примероци на Karma, произведени во фабриката на Fisker во Валмет, Финска ќе стигнат до купувачите во април годинава, треба да се очекува дека наскоро во продукција ќе ја видиме и Karma S.

Цената на кабриолетот Karma S се претпоставува дека нема да отскокнува многу од цената на седанот Karma кој во САД ќе чини околу 80.000 долари.

Секако за во Европа треба да се очекуваат повисоки цени.


 
Get Adobe Flash player