|
15.02.2008 |
На многумина сопственици на автомобили никогаш не би им
паднало на памет да го обезбедат од крадење своите катализатори сместени под
автомобилот. А зошто би ги обезбедувале?
Затоа што катализаторот е направен од скапоцени метали
кака платина, паладиум и родиум во количина чија цена може да достигне вредност
од повеќе од 150 евра со тенденција да расте. Како расте цената на овие метали
на светските берзи така растат и шансите вашиот катализатор да биде украден.
Сведоци сме на масовното крадење на акумулатори кај нас
поради високата цена на оловото, па истото би можело да ни се случува и со
катализаторите. Уште повеќе бидејќи за да се украде не е потребно да се подига
хаубата па и делото при евентуално апсење е помало. „Нема тешка кражба бидејќи
нема насилно отворање на возилото,” ќе ви раскажат правниците.
Интересен е податокот дека еден арамија за еден час би
можел да заработи меѓу 1.500 и 2.000 евра крадејќи катализатори на некој
преполн паркинг каде тешко ќе биде забележан.
Затоа пак оштетениот сигурно ќе забележи дека нешто му
недостасува бидејќи автомобилот ќе брчи значително погласно од вообичаено, а
звукот ќе ви доаѓа малку не природно од под нозе, место од зад грб.
Но, ова нема да ги ви спаси неколкуте стотини евра што ќе
морате да ги издвоите за нов катализатор кој би можел повторно да биде украден
уште истиот ден.
|