|
Официјалниот каталог за хибридното купе на Honda, CR-Z наменет за дилерските центри на пазарот во Јапонија во кој се откривааат првичните најважни податоци за автомобилот се појави на интернет.

Покрај можностите за персонализација на CR-Z во каталогот се прикажани карактеристиките на хибридниот погон IMA Integrated Motor Assist на купето.
Honda CR-Z ќе ја задвижува атмосферски четири цилиндричен бензинец од 1.5 литри спaрен со електромотор кој снагата ја испраќа на предните тркала преку шест степен мануелен менувач.
Бензинецот има моќност од 113 КС и максимален вртежен момент од 145 Nm при 4.800 врт/мин. Електромоторот има моќност од 14 КС при 1.500 врт/мин и вртежен момент од 78 Nm при 1.000 врт/мин.
Здружената моќност на бензинецот и електромоторот и овозможуваат на Honda CR-Z да забрза до 100 km/h за 9,7 секунди и во просек троши 4,5 L/100 km, додека максималната брзина не е откриена.
Колку за споредба хибридот на Honda, Insight кој има бензинец од 1.3 литри и електромотор со заедничка моќност од 98 КС до 100 km/h забрзува за 12,5 секунди и во просек троши 5,5 L/100 km.
Каталогот воедно отркива дека продажбата на Honda CR-Z во Јапонија стартува во февруари 2010, додека во Европа треба да се очекува на крајот на порлетта.
|