|
Kia во официјално соопштение објави дека во сервисите низ Европа повикува војска од 56.000 автомобили од моделската понуда на Cee`d поради можни проблеми со системот за сопирање.

Од Kia истакнуваат дека автомобилите со проблематичните сопирачки се произведени во периодот од 1 април 2008 до 30 март 2009 и се зафатени само оние модели кои имаат систем со електронска контрола на стабилност ESP.
Инженерите на Kia откриле дека одредени проблеми можат да настанат во специфични ситуации кога ќе се активира ESP и со неговото активирањето ја поништува силата на сопирање.
Во тој случај без оглед што возачот притиска на педалот од сопирачката автомобилот не застанува. Од Kia уверуваат дека до сега не е регистриран ниту еден случај каде во реална ситуација се појавил овој негативен ефект.
Тие истакнуваат дека станува збор за сознание до кое дошле нивните инженери и дека нема поплаки од клиентите, ниту пак има пријавен несреќен случај. Затоа пред да се случи тоа тие повикуваат во сервис.
Одговорни од Kia задолжени за случајот наведуваат дека од 56.000 автомобили кои треба да пристигнат во сервисите на 35.000 од нив ќе им бидат заменети главните сопирачки цилиндри, додека 21.000 ќе бидат само проверени.
Процедурата во која се менува главниот сопирачки цилиндер според одговорните во Kia трае 35 минути што нема да му одземе премногу време на сопственикот и секако е бесплатна.
Интересно е што во 2008 и 2009 Kia Cee`d е еден од најпродаваните модели во својата класа во Европа, а и кај нас. Сеуште не се знае колку од овие автомобили со електронска контрола на стабилност ESP возат по нашите улици.
Соопшетние од импортерот за Македонија се очекува.
|