|
16.01.2012 |
|
Откако минатата седмица Kia ја објави првата официјална фотографија од новата генерација на Cee`d, денес комплетно го открива својот нов играч меѓу компактите кој пристигнува на лето.

Секако во моментот Kia не сака да се расфрла со податоци и се задржува само на дизајнот за кого вели дека најуспешната комбинација на линии која успева еден хечбек со пет врати да го претвори во купе.
Намерите се јасни стилот на купе да се спои со практичноста на еден автомобил со пет врати и воедно да се нагласи новиот дизајнерски јазик на марката. Секако веќе знаме дека основата е од новиот Hyundai i30.
Тука застануваат официјалните информации. Меѓутоа се знае дека под хауба се очекуваат новата генерација на 1.1 литарскиот турбо дизел CRDi кого веќе го доби Rio и исто така новиот турбо бензинец 1.6 T-GDI од Hyundai Veloster Turbo.
Како што наведовме претходно светската премиера ќе се оствари во март на салонот на автомобили во Женева, а продажбите стартуваат на лето.
|