Падна одлуката во раководството на KIA и
првите фотографии од обновениот Cee`d официјално се прикажани пред закажаната светска премиера на претстојниот
салон во Франкфурт.
Со модернизирањето на успешниот компакт на KIA се
опфатени и хечбекот со пет врати, комбито SW и верзијата со три врати со спортска нота Pro Cee`d која сеуште ја сокриваат, а ќе се појави директно
во Франкфурт.
Главните дизајнерски измени како што веќе можевме да
видиме на фотографиите направени од ловците на автомобили се однесуваат на
предниот дел додека одзади измените се минорни.
Цртите на обновениот Cee`d се дело на европскиот
дизајнерски тим на KIA предводен од шефот на дизајн на марката Петер Шрејер.
Кога ќе се погледне новиот Cee`d од напред се забележуваат
повпечатливите светла, комплетно редизајнираниот браник кој во себе
вкомпнонирува светла за магла со нов облик и ноата предна маска која во
верзиите со повисоко ниво на опрема ќе носи хромирана рамка.
Тука се и трепкачите во ретровизорите, но сето ова веќе
можеше да се види на шпијунските фотографии на кои уловената верзија
најверојатно носеше некаков пакет спорт кој има и странични завеси и
дополнителни спојлери во долниот дел на предниот и задниот браник.
Во ентериерот измените ги опфаќаат новиот волан, рачката
од менувачот, новиот аудио систем кој го зафаќа поголемиот дел од централната
конзола и новиот автоматски клима уред.
Осовременувањето на KIA
Cee`d не се однесува само на разубавување на моделот. Под
ламарината се сокрива ново модернизирано подвозје и мотори со вграден систем
старт/стоп.
Во понудата остануваат бензинците CVVT од 1.4, 1.6 и 2.0 литри со идентична моќност, а истото важи и за турбо
дизелите CRDi од 1.6 и 2.0 литри.
KIA нема да чека многу за да го испрати новиот Cee`d до купувачите.
Обновените верзии пристигнуваат веднаш по завршувањето на салонот во Франкфурт,
односно во октомври.
|