Get Adobe Flash player
Kia го претставува Soul
03.09.2008
kia-soul-1.jpgПрвите официјални фотографии и податоци за Soul, Kia одлучи да и ги предочи на светската јавност пред премиерата која е закажана за во октомври на салонот во Париз.

Комерцијализацијата на Kia Soul започнува кон крајот на годината за пазарот во Јужна Кореа, додека купувачите во Европа и во Северна Америка ќе можат да седнат зад воланот некаде во првата половина на 2009.

Soul кој ќе се продава на европскиот пазар под хаубата ќе сокрива два мотори. Еден бензинец и еден дизел.

Дизелот ќе остварува моќност од 126 коњски сили при 4.000 врт/мин и максимален вртежен момент од 255 Nm при 2.000 врт/мин. Бензинецот располага со подеднаква моќност од 126 КС, но при 6.300 врт/мин и има максимален вртежен момент од 156 Nm при 4.200 врт/мин.

Kia Soul е хечбек со пет врати со погон на предни тркала со виско кренат кров и големо меѓуоскино растојание. Висината изнесува 1.610 mm, што е многу повеќе од висината на еден просечен автомобил од компактната класа каде што настапува Soul.

Дури и основата на предното стакло е за 135 mm повисока од онаа на еден типичен компакт, исто како и линијата на појасот, но и клиренсот. Soul нуди дополнителни 45 mm простор под својот стомак, висина која ќе и помогне без проблем да се носи со градските препреки како што се на пример високите тротоари.

Должината на Soul изнесува 4.105 mm, додека меѓуоскиното растојание мери 2.550 mm. И покрај компактните димензии производителот наведува дека во Soul удобно можат да патуваат пет возрасни патници.

Шефот на дизајн на Kia Motors Europe, Грегори Гилауме уверува дека возачот и патниците ќе се чувствуваат многу пријатно и посебно уште при првото влегување во Soul.

Високите врати и високо поставените седишта го прават влегувањето во автомобилот исклучително лесно, додека арматурата, инструментите и  угодно здебелениот волан кај возачот создаваат чувство на пространост и удобност.

Kia се надева дека со претставувањето на Soul и уште неколку нови и редизјанирани модели ќе успее дупло да ја зголеми продажбата на глобалниот пазар до 2010.


 

 

 

Facebook