|
25.05.2007 |
Новата верзија на малечкото возило ќе се појави за прв пат пред публиката на Салонот на автомобили во Барцелона што се одржува од 9 до 17 јуни.
Picanto сега има многу позаоблена форма на каросеријата и со новите браници напред и назад подолг е за 40 милиметри, така што сега има 3,54 метри во должина.
Со новиот нос и позабележливиот опаш со нови светла возилото изгледа помодерно. Новата форма се забележува пред се кај хаубата на моторот, предните крила и браниците напред и назад. И предните светла се позаоблени. Во пошироката предна маска со форма на трапез со црна решетка и две хромирани пречки стои логото на Kia.
Одзади има сполјер по целата ширина на возилото. Од деветте понудени бои за каросеријата, пет се нови. И внатре боите се освежени. Kia планира годишно да продава 90.000 примероци од Picanto.
|