Get Adobe Flash player
Kia K9 ја напаѓа големата тројка
17.12.2009

Audi A8, BMW Серија 7, Mercedes Класа S чувајте се. Пристигнува нов луксузен знаменосец на коресјкиот производител Kia кој за сега ја носи ознаката K9 и сака да им ги замрси сметките на германците.

kia-ka9-2012-1

Важно да се напомене е дека фотографијата на Kia K9 всушност е компјутерски генерирана и е создадена според ликот на автомобилот претставен на официајлниот тизер кого шефот на дизајн во Kia, Петер Шрејер го прикажа во Сеул.

Зборовите дека K9 на нишан ќе го држи германското три потекнуваат токму од Шрејер. Тој најавува дека К9 по димензии, по перформанси, по луксузно уредување и на технолошки план ќе може без проблем да се носи со конкурентите од Audi, BMW и Мercedes.

Секако сето ова си има и своја цена и Шрејер најавува дека цената на Kia K9 ќе биде блиска до цените на германските лимузини.

Kia K9 ќе биде поставена на модификувана платформа на Hyundai Genesis, но по димензии ќе биде брат близнак на поголемиот Hyundai Equus.

Под хауба ќе работата моторите познати од Genesis. Значи V6 и V8 бензинци. Но, се најавува и нов мотор посебно создаден за Kia K9 кој ќе има зафатнина од 4.0 литри и моќност од 385 КС и ќе биде спарен со 8 степен автоматик.

Kia K9 треба да се појави на пазарот во 2012.

 

 

 

Facebook