|
21.03.2008 |
Kia на салонот во Њујорк го претстави својот најнов концепт KOUP и најави
дека токму неговиот агресивен дизајн претставува основа за креирање на идните
модели на марката.
Концептот креиран во судиото на Kia за дизајн
во Калифорнија нуди релативно класична форма оличена со дизајнерски детали што
и припѓаат на иднината заедно со користените материјали за изградба на
каросеријата.
Аеродинамичките додатоци како задниот дифузор, црниот
спојлер во предниот браник, надворешните ретровизори се изработени од
карбон-фибер. Спортскиот стил го потврдуваат големите отвори за воздух во
предниот браник, страничните завеси, уникатните леснометални бандажи кои ги
оскриваат огромните вентилирачки бушени дискови и сопирачки клешти од Brembo.
Под профилираната хауба се сокрива 2.0 литарски турбо
бензинец со директно вбризгување, прво на Kia, кој развива
290 коњски сили и вртежен момент од 390 Nm
расположливи меѓу 2.000 и 4.000 вртежи.
Погонот е напред што и не е баш најсреќна опција кога се
работи за безмалку 300 коњски сили. Но, конструкторите уверуваат дека
независната суспензија, големите стабилизатори и попречната шипка меѓу предните
амортизери за укрутување на предницата се доволни за да ги држат тркалата
цврсто залепени за асфалтот со минимално пролизгување.
|