|
Kia одлучи да го опипа пулсот на публиката со претставувањето на првите официјални фотографии од новата генерација на Magentis чија премиера е закажана за салонот во Њујорк.

Јасно е дека Kia се поагресивно настапува на светскиот пазар. Новиот потпис на дизајнот на корејската марка инициран за да привлече што поголем број на купувачи очигледно ја постигнува целта, а во таа насока оди и новата генерација на Magentis.
Лутата предница со огромна развчечена маска, светлечки диоди за возење дење, шкргите на крилата и профилираната хауба од која почнува муксулестото тело на Magentis со широки раменици кое завршува како купе го прават автомобилот привлечен и дијаметрално спортивен на приказната што ја продава актуелниот модел.
Спортскиот профил на новиот Mаgentis е нагласен и со издигнатиот задник кај кого доминираат огромните задни светла со LED оптика и двојните издувни цевки во подножјето на браникот меѓу кои е сместен дифузор.
Во споредба со актуелниот модел новата генерација на Magentis ќе биде подолга и поширока. Воедно линијата на кровот ќе биде пониска, но не на сметка на просторот во кабината и ќе има со поголемо меѓуоскино растојание.
Magentis е поставен на платформата на наовата Hyundai Sonata и во Европа на почеток ќе се нуди со два 2.0 литарски мотори. Еден атмосферски бенизнец и еден турбо дизел познат од новиот Sportage со 131 КС и максимален вртежен момент од 303 Nm.
Подоцна во игра ќе влезат и други мотори, но и хибриден погон. Продажбата на Magentis е закажана за кон крајот на годината.
|