Get Adobe Flash player
Kia ни ја претставува Venga
15.07.2010

Автомобилот по кого лудува Европа, Kia Venga пристигна и на нашиот пазар, а македонската премиера на Venga беше искористена и за промовирање на новото заштитно лице на импортерот на Kia.

kia-venga-mkd-2010-1

Станува збор за младиот уметник Влатко Илиевски којшто ги доби клучевите од новата Venga посебно оличена со налепници кои препорачуваат во жешките летни денови да се препуштиме на чувството „Venga - Venga” заедно со Илиевски.

За да дознае како еден автомобил како Venga ќе биде прифатен од јавноста Kia првпат го опипа пулсот со претставувањето на концептот No3 на салонот во Женева минатата година.

Концептот којшто одушеви со својот модерен дизајн и иновативна конструкција се претвори во сериски автомобил способен да ги задоволи пребирливите вкусови на купувачите во Европа и да ги покани во прво лице да ја доживеат Venga.

Името Venga не е избрано случајно. Искористен е збор од шпанскиот јазик кој значи: дојди – повели, што повикува на забава, уживање, ново доживување при секое седнување во кабината на Venga.

Доказ за успешноста на концептот на Kia Venga се и двете награди освоени годинава. Прва е наградата за дизај на производ IF Product Design – International Forum Product Design во Хановер која секоја година се доделува од 1953.

kia-venga-mkd-2010-2

Понатаму исто така следи наградата за дизајн Red Dot која се доделува од 1955 и со која се потврдува успешниот дизајн на Kia поттикнат од водечкиот дизајнер Петер Шрејер, бидејќи и претходникот на Venga, Soul се закити со истата награда.

Како што пишувавме претходно Kia Venga е дизајнирана, конструирана и произведена во Европа и е наменета исклучиво за купувачите во Европа.

Со својата концепција на моноволумен Venga е еден од најпросторните автомобили во својата класа, а просторноста ја надополнува варијабилната задна клупа и багажник чив под може да биде поставен на две нивоа.

Моноволуменецот во должина мери 4.068 mm, широк е 1.765 mm, а висок е точно 1.600 mm. Она што е најважно кај Venga е големото меѓусокино растојание кое е растегнато на 2.615 mm и багажникот со импресивни 444 литри за оваа класа.

Овој волумен се постигнува кога лизгачката задна клупа е труната до крај напред. Кога е турната до крај назад волуменот изнесува 314 литри. Ова се вредности кога подот на багажникот е на второто ниво.

kia-venga-mkd-2010-3

Кога тој е спуштен најдолу волуменот на багажникот соодветно се зголемува на 550, односно 440 литри. При склопена задна клупа во задниот дел Venga може да собере максимални 1.253 литри.

Кај нас Venga доаѓа со два мотори 1.4 литарскиот бензинец со 90 КС кој вртежниот момент од 137 Nm преку пет степен мануелен менуач го пренесува до предните тркала.

Моторот има доволно моќност да ја забрза Venga до 100 km/h за 12,8 секунди и оди до максимални 168 km/h. И 1.4 литарскиот турбо дизел кој е втор мотор во понудата остварува скоро иста максимална брзина, односно поспор е за 1 km/h.

Турбо дизелот 1.4 CRDi истискува иста моќност како и бензинецот од 90 КС и има максимален вртежен момент од 220 Nm. Со овој мотор Venga до 100 km/h стигнува за 14,5 секунди.

Kia Venga кај нас се нуди во две нивоа на опременост LX и EX. Основното ниво LX доаѓа со 2 воздушни перници, ABS + EBD, клима уред, централна брава со далечинско, висинско месетење на возачко седиште, електрика на стакла напред, потпирач за рака на возачко седиште, подготовка за радио со 4 звучници, тонирани стакла, заден спојлер...

kia-venga-mkd-2010-4

Второто ниво на опременост EX плус нуди радио со CD + MP3 + USB + AUX и со 6 звучници, предни светла за магла, кожа на волан и менувач, патен компјутер, комади за радио на волан, електрика на ретровизори со греење, хромирани детали во кабина и ленсно метални бандажи од 16 инчи.

За 1.4 литарскот бензинец LX, Kia бара 10.600 евра, додека за исто опремениот дизел треба да се издвојат 12.600 евра. Пакетот EX чини 1.000 евра повеќе, односно 11.600 евра за бензинецот и 13.600 евра за дизелот.

Можеби нема потреба, но колку за потсетување Kia како и за останатите модели и за Venga нуди гаранција од 5 години или 150.000 km.

 

 

 

Facebook