|
06.03.2009 |
Најавена пред старт на салонот, концептот на Kia
No3 ја доживеа светската премиера во Женева и откри уште неколку детали за автомобилот што евентуално ќе влезе во серија.
No3 кој го претставува новото лице на Kia во должина
мери точно 4.045 mm. И покрај релативно малата должина инженерите кои биле задолжени
за развој на No3 успеале да извлечат релативно големо меѓуоскино
растојание од 2.615 mm.
Ова е постигнато со сместување на тркалата во аглите од
автомобилот со што е добиен многу простор во кабината за превоз на пет патници,
но се постигнати и добри возни карактеристики и стабилност на правец.
Интересно е што од Kia најавуваат
дека прототиповите на No3 сокриени под масивна камулажа веќе тестираат на
полигоните ширум светот. Затоа се очекува наскоро да се појават и првите
шпијунски фотографии.
Малите надворешни димензии ќе му помогнат на No3 одлично да
се снаоѓа во градскиот метеж. Ова пред се е важно за големите градови во Азија
каде Kia очекува и најголема продажба за No3.
Кога ќе се појави на пазарот експертите за маркетинг
веруваат дека ќе биде вистински хит, бидејќи нуди цена на мал автомобил со
простор на автомобил од компактната класа.
|