|
Британското одделение на Kia ја претстави верзијата на Picanto со три врати. Прва ваква изведба во историјата на моделот. Покрај трите врати спортскиот Picanto носи и нови дизајнерски детали.

Дизајнерите се обиделе да го направат тривратниот Picanto да личи дека е понизок и поширок и затоа додале детали во вид на црвена линија на предната маска која има и нова решетка во облик на пчелино саќе.
Го смениле и предниот браник кој има дополнителен тесен отвор на средина и уште еден отвор долу чија рамка околу решетката е споена со светлата за магла во една целина.
Динамиката на Kia Picanto e нагласена и со поголемите врати и со косо пресеченото задно стакло кое стрмо се крева кон крово и задниот носач. Нагласувањето на спортскиот крактер е направено и преку изборот на нови бои за Picanto.
Дизајнерите на Kia задолжени за креирање на внатрешноста избрале нови ткаенини кои исто така имаат нови бои, но и посебен дезен. Остатокот од автомобилот вклучувајќи ги моторите и опремата е идентичен.
Под хаубата на Kia Picanto работи трицилиндричниот бензинец со зафатнина од 1.0 литри и моќност од 69 КС и 1.25 литарскиот четирицилиндричен бензинец со моќност од 85 КС.
Продажбата на Picanto со три врати во Британија почнува од следниот месец. Останатите пазари во Европа ќе го добијат подоцна.
|