|
Наскоро на пазарот пристигнува верзијата на Kia Rio со три врати која прво се појавува во Велика Британија, а подоцна и во остатокот од Европа. Праксата Kia ja повторува од малиот Picanto.

Иако генералната линија на каросеријата останува иста, сепак, неможе, а да не се забележи дека Kia Riо со три врати делува уште полуто. Слично како купе кое веруваме ќе и се допадне на помладата генерација на купувачи.
Уште едно одушевување за купувачите доаѓа и од пониската цена за 600 фунти, или околу 700 евра. Па така, сите оние кои ќе сакаат да седнат зад волан на Rio и немаат проблем да почекаат, освен во шик ќе се возат и во поевтин автомобил.
Моторите и пакетите на опрема LX и EX исто така остануваат исти. Стартот е резервиран за 1,2 литарецот со 85 КС, од бензинците тука е и 1.4 литарецот со 109 КС. Од дизелите во понуда се 1.1 CRDi со 75 КС и 1.4 CRDi со 90 КС.
Основниот модел Kia Rio 1.2 LX со три врати кај нас би требало да стартува со цена од 9.350 евра, а поопреманата верзија EX би била поскапа за 1.000 евра. Најскапиот модел Kia Rio 1.4 CRDi EX би чинел 12.300 евра.
|